СДСМ: Мицкоски повторно по којзнае кој пат не успеа да го одбрани криминалот

Расте нервозата во белиот дворец откако Христијан Мицкоски повторно, по којзнае кој пат не успеа да го одбрани криминалот. Ниеден обид на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на вистината не може да го сокрие фактот дека токму Мицкоски се обиде да саботира сложена полициска акција преку јавно објавување на информации, истакнуваат од СДСМ.

„Како што објави и самото Министерство за внатрешни работи, истрагата за пасошите се води подолг период бидејќи се преземаат дејствија кои имаат и меѓународни импликации.

Заради лични интереси Мицкоски се обиде да загрози полициска акција и соработка на нашата полиција со стратешките партнери.

Мотивите и целите за ваквите постапки треба да ги даде независна и професионална истрага пред надлежните инситуции.

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, Мицкоски е симбол за бранител на криминалот и тоа е докажано многу пати досега.

Токму заради таквото однесување Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шест пати се казнувани од граѓаните на избори и токму заради таквоот однесување уште долго ќе останат во опозиција.

Затоа што освен одбрана на криминал и ширење лажни вести ништо друго не знаат и не можат да понудат“, велат од СДСМ.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе