СДСМ: Мицкоски, попис ќе има, бадијала кочиш и блокираш

Како по обичај, докажаниот губитник Христијан Мицкоски секогаш работи против интересите на граѓаните и државата, реагираат од СДСМ.

„Единствениот кој го политизира спроведувањето на пописот е самиот Мицкоски затоа што не знае ништо друго освен да кочи и блокира се што е ваѓно за државата.

Несериозно е да се бара методологија за пописот кога се уште не е донесен ниту Законот за попис на населението, а уште понесериозно и понеодговорно е да се тврди дека попишувањето ќе се одвива само преку матичен број на граѓаните. 

Пописот ќе се спроведе согласно прописите на Евростат, а податоците ќе бидат споредени со базите на 10 различни инситуции. 

Ако Мицкоски навистина не знае кои се тие институции кои имаат податоци за граѓаните, како што тврди, тогаш го упатуваме помош да побара од правната служба во сопствената партија, тие ќе му објаснат.

Заканите за собирање потписи за наводни референдуми, па потоа за законски решенија не се ништо друго освен очаен блеф на Мицкоски кој преку ова гледа начин да си ја спаси фотелјата во белиот дворец. 

Тој филм Мицкоски нема да го гледа. Република Северна Македонија оваа пролет ќе спроведе попис на населението по цели 19 години, откако последниот во 2011 година, не успеа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ“, истакнуваат од СДСМ. 

 


Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе