СДСМ: Мицкоски не се откажува од дејствувањето против државата, голем дел од спорните матични броеви се поништени

Зад наводните скандали што ги конструира губитникот Христијан Мицкоски, единствено се крие неговата намера да работи против институциите, против државата. Откако не успеа неговиот обид за саботажа на полициската акција „Двојник" Мицкоски денеска во јавноста пласира информации поврзани со друг процес кој е во тек во Министерството за внатрешни работи, истакнуваат од СДСМ.

„Како што јавно објави и МВР веќе подолг период трае постапката за поништување на двојните матични броеви, кои се јавиле како последица на грешки и технички пропусти при определувањето и запишувањето на матичните броеви, при што голем дел од спорните матични броеви се веќе поништени. Токму за ова јавно зборуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред неполни 24 часа.

Денешното пласирање на информации за овој процес од страна на Мицкоски, не е ништо друго освен уште еден обид да се саботира работата на МВР, да се наштети на државата“, истакнуваат од СДСМ.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе