СДСМ: Мицкоски наместо да даде оставка продолжува да се однесува деструктивно

Губитникот Христијан Мицкоски наместо да даде оставка како што вети пред изборите, продолжува да се однесува деструктивно, велат од СДСМ.

„Денес, Мицкоски продолжува да врши упади во други политички партии само за да го прикрие фактот што не го исполни ветувањето дека ќе поднесе оставка ако не победи на изборите и ако не успее да состави влада.

Очајниот Мицкоски станува изолиран маргиналец заглавен во режимо-радикална матрица кој освен лажни вести и деструкција не може ништо друго да понуди.

Граѓаните тоа го знаат одамна и затоа три пати на избори го поразуваат Мицкоски, затоа ќе го поразат и на следните предвремени локални избори во Штип. Тоа го знае и Мицкоски и затоа уште сега се обидува да бара алиби за извесниот пораз што тој и неговата нереформирана ВМРО-ДПМНЕ ќе го доживеат.

Мицкоски одамна ја нема поддршката од граѓаните, тие јасно порачаа дека сакаат да продолжат по патот на напредокот, развојот и интеграциите и дека тоа не можно со ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија и Мицкоски уште долго ќе бидат опозиција“, истакнуваат од СДСМ.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе