„Денес, Мицкоски продолжува да врши упади во други политички партии само за да го прикрие фактот што не го исполни ветувањето дека ќе поднесе оставка ако не победи на изборите и ако не успее да состави влада.
Очајниот Мицкоски станува изолиран маргиналец заглавен во режимо-радикална матрица кој освен лажни вести и деструкција не може ништо друго да понуди.
Граѓаните тоа го знаат одамна и затоа три пати на избори го поразуваат Мицкоски, затоа ќе го поразат и на следните предвремени локални избори во Штип. Тоа го знае и Мицкоски и затоа уште сега се обидува да бара алиби за извесниот пораз што тој и неговата нереформирана ВМРО-ДПМНЕ ќе го доживеат.
Мицкоски одамна ја нема поддршката од граѓаните, тие јасно порачаа дека сакаат да продолжат по патот на напредокот, развојот и интеграциите и дека тоа не можно со ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија и Мицкоски уште долго ќе бидат опозиција“, истакнуваат од СДСМ.