СДСМ: Мицкоски ја промашил емисијата, изгледа мислел дека се работи за „само лаги”

Мицкоски ја промашил емисијата, изгледа мислел дека се работи за „само лаги” Губитникот Христијан Мицкоски вечерва ја промаши емисијата во која гостуваше. По количината на изнесени лаги, изгледа мислел дека се работи за „само лаги” наместо „Само вистина", велат од СДСМ.

„По којзнае кој пат Мицкоски покажа дека не го интересира ниту здравјето, ниту интересите на граѓаните, ниту интересите на државата.

Негов единствен интерес е да ги брани криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и да дејствува по нарачките од Будимпешта во бесконечни обиди да го закочи напредокот на државата и затоа шири лажни вести и дезинформации каде ќе стигне. Мицкоски глуми загриженост за јавното здравје, а организира јавни собири на кои масовно се кршат мерките за заштита од коронавирусот. Глуми загриженост за стандардот на граѓаните, а се противи на сите мерки што значат повеќе пари во домашните буџети. За таквото негово неодговорно и антидржавно дејствување Мицкоски е трипати казнуван од страна на граѓаните на избори“, истакнуваат од СДСМ.

 

 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе