Реакција

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат заглавени во матрицата на антидржавното однесување

Христијан Мицкоски заедно со неговите соработници Тања Каракамишева, Александар Николовски навиваат за неуспех на нашата татковина. Но тој филм нема да го гледаат. Република Северна Македонија чекори кон интеграција во ЕУ и полноправно членство во НАТО, се вели во реакцијата на СДСМ на обраќањето на Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека државата прави сериозни реформи кои се признаени и вреднувани и во најпозитивниот извештај на Европската комисија, Мицкоски веројатно чека награда од Никола Груевски, за посветената одбрана на неговиот криминал.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во матрицата на деструкција, криминал и антидржавно однесување, но не успеаја и нема да успеат да ја вратат државата назад во темното минато. Им се допаѓало тоа или не, Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО и напредува во интеграцијата кон ЕУ“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе