СДСМ: Мицкоски е човекот на Груевски, Мијалков и Камчев, тој е бранител на криминалците

Христијан Мицкоски не пропушта прилика да докаже дека е единствен на браникот на криминалот. Мицкоски, заштитникот на криминалот има проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи, нема групи и поедници кои се над законите, нема однапред осудени, без разлика дали станува збор за претставници на опозицијата, на власта или било кој граѓанин, велат од СДСМ.

„Разбирливо е, тој е човекот на Груевски, Мијалков и Камчев, подеднакво тој е дел од режимско-криминална матрица која 11 години ја злоупотребуваше  државата во партиски цели.

Лажни вести, блефирања и дејствување на штета на граѓаните е се што нуди докажаниот губитник Мицкоски.

Негова пуста желба е да дојде на власт со идеи за неправди и нови конфликти, но негова  сурова реалност е тоа што едвај се бори за барокната фотелја во расипничкиот дворец и тоа дека губи на секој изборен циклус.

Мицкоски е поразен политичар без став, бледа сенка на Никола Груевски. Тој не донесе ништо ново во македонската политика, тој е срам за десницата во Северна Македонија“, истакнуваат од СДСМ.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе