СДСМ: Мицкоски е бранител на криминалот

По којзнае кој пат Христијан Мицкоски покажа дека не може да се помири со тоа што парите од Буџетот завршуваат кај граѓаните, истакнуваат од СДСМ.

„Не само што е против четвртиот пакет мерки, не само што е против тоа да се спасуваат стотици илјади работни места, против да се зајакне куповната моќ на невработените и пензионерите, Мицкоски јавно најави дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието повторно ќе се обиде да блокира мерки што се во интерес на граѓаните. 

Мицкоски вечерва јавно најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокираат „Викендот без ДДВ" со кој околу 17 милиони евра ќе завршат кај граѓаните, дека ќе ги блокираат платежните картички за пензионерите со ниски пензии. 

Деновиве, Мицкоски дрско лаже дека биле ветени четири викенди без ДДВ, што во реалноста никогаш не се случило.  

Ништо не се менува кај губитникот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои силно се противеа и против покачување на пензиите, против поголема минимална плата, против мерката Мој ДДВ“, велат од СДСМ.

 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе