СДСМ: Mицкоски да одговори со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките лично разговарал

Христијан Мицковски да не се обидува да се крие зад очајни соопштенија туку да излезе пред граѓаните, велат од СДСМ

„Дублерот на Груевски, Христијан Хидро Мицкоски нека излезе пред јавноста и нека одговори: Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал?
Кога се случиле ваквите разговори?
 Во какви зделки е Мицкоски,  доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките?
Дали и што примил на рака? Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?
 
Особено имајќи ги предвид линковите со ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е, сите криминални шеми водат до белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата. Секој што се надевал дека со сценарио и објава на виде снимка ќе се компромитираат доказите и ќе се спаси од вина се излажал. Ова само ќе ја забрза истрагата и ќе ги даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај. Секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорност“, истакнуваат од СДСМ.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе