СДСМ: Мицкоски да одговори која била целта на посетите на Белград и Будимпешта, пред бегството на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател - криминалец во бегство, Мицкоски да одговори за средбата со Груевски и посетите на Белград и Будимпешта, велат од СДСМ во соопштението до јавноста.

„ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател - криминалец во бегство. Наместо да се крие зад социјалните мрежи и зад конфузните реакции, Мицкоски мора да одговори пред граѓаните:

Која била целта на посетите на Мицкоски на Белград и Будимпешта, пред бегството на Груевски?

Со кого се среќавал и што правел?

Дали токму тие посети имаат врска со планот за бегство на криминалецот Груевски?

Дали разговорите со Груевски за „личните моменти“ „неговата иднина“ и „заедничката тема“,како што вели Мицкоски во едно интервју всушност се всушност разговори за бегството на Груевски?

Одбраната на криминалот на Никола Груевски како и избегнувањето на одговорите на овие прашања, ги засилуваат сомнежите. Дали антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски се пворзани со бегство на Груевски?

Преку отворените истраги за бегството на криминалецот Груевски, сите соучесници мора да бидат пронајдени и соодветно санкционирани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе