СДСМ: Мерката „зелена нафта“ се одвива непречено

Распределбата на персонализирани картички за набавка на 30 отсто нафта за земјоделска механизација се одвива постојано и непречено. Се реализира клучната мерка „зелена нафта“ со која 200 милиони денари ќе се вратат назад кај земјоделците.

„Вкупно 55.000 земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште, а воедно поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018 ќе можат да набавуваат поевтина нафта за земјоделска механизација.

Пресметката за тоа, кој земјоделец колку ќе има на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции, највисокиот износ е лимитиран до 100.000 денари, а ќе може да се точи исклучиво „евродизел“ гориво за земјоделската механизација. Со персонализираната картичка и со расположливата сума им се намалуваат трошоците на земјоделците и повеќе пари остануваат за нив“, истакнуваат од СДСМ.


Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе