СДСМ: Летонија е 13 земја членка која даде зелено светло за пристапување на нашата држава во НАТО

Летонија е 13 земја членка која го ратификува Протоколот за пристапување, Република Северна Македонија 30-та земја членка на НАТО.

„Парламентот на Летонија го усвои законот со кој се ратификува Протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО. Со тоа, Летонија е тринаеста земја членка која даде зелено светло за пристапување на нашата држава во најмоќниот безбедносен сојуз. Истовремено, Владата на Естонија го одобри протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, а во наредната фаза тој ќе биде ратификуван и во Парламентот на Естонија. Процесот на ратификација на Протоколот се одвива со добро темпо, а откако ќе биде усвоен од останатите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО“, велат од СДСМ.

Со ова како што истакнуваат се остварува децениски државен и национален интерес за полноправно членство во најмоќниот безбедносен сојуз во светот, истовремено членството во НАТО покрај безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните.

 

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе