Локални избори

СДСМ: Лагите на Арсовска се разобличени, таа има бугарски документи, да се обединиме за Скопје

Данела Арсовска ги излажа граѓаните, но нејзините лаги се разобличени и јавноста ја дозна вистината, зашто објавените докуенти покажуваат дека таа поседува бугарско државјанство и бугарска лична карта, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. Таа рече дека не е проблемот како се чувствува Арсовска, туку тоа што таа во очи ги гледа и ги лаже граѓаните. „Ако Арсовска се крие и лаже за вакви работи, за што сѐ друго лаже?“, праша Кузеска и ги повика граѓаните в недела да гласаат за Петре Шилегов.

„Овој нечесен, неодговорен однос е потценување на граѓаните и жителите на Скопје. Ваквото однесување е одлика на режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ чиј кадар и кандидат е и самата Данела Арсовска. За таквиот нечесен однос Арсовска ќе го добие одговорот од граѓаните на изборите во недела“, рече портпаролката.

Скопјанки и скопјани, рече Кузеска, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го уништуваат градот.

„Граѓаните знаат дека со СДСМ се на сигурно, дека СДСМ е гарант дека градот и државата се на курсот на напредокот, на развојот, на интеграцијата и еднаквоста. Во недела граѓаните ќе донесат одлука Скопје да продолжи по исправниот пат на развојот и напредокот со Петре Шилегов. Во недела граѓаните ќе ги поразат остатоците од режимот поддржани од лажните левичари од Левица. Од гласот на граѓаните в недела зависи и мнозинството во градскиот совет. Ништо не е завршено, битката во Скопје е во недела по што ќе видиме кој има реално мнозинство. Сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не можат да бидат надвор од Советот на Град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив. В недела обединувањето на демократските, прогресивните сили во Скопје, обединувањето на гласот за напредок ќе значи и пресврт во советот“, изјави Кузеска.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе