Според Кумановски муабети

СДСМ Куманово не ги кандидира Максим Димитриевски и Атина Мургашанска за членови на Централен одбор на партијата

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот Атина Мургашанска се елиминирани од кандидатурата за нови членови на Централниот одбор на СДСМ, дознава Кумановски муабети од внатрепартиски извори. Елиминирани се и истакнати луѓе од партијата блиски до Димитриевски и Мургашанска, пишува порталот.

Кумановски муабети пишува дека поминале повеќе предлози меѓy кои Оливер Спасовски (актуелен министер на МВР), Мартин Костовски и Лидија Тасевска (актуелни пратеници во Собрание на РСМ) и други кандидати блиски до Спасовски и Костовски.

На самата конференција имало жестока дебата помеѓу делегатите со низа нерегуларности спротивни на статутот и деловникот, одземање и прекинување на збор, недозволување на реплики, а дури се зборува дека и градоначалникот Димитриевски во неколку наврати бил прекинат од страна на претседавачот на конференцијата по што истиот обвинил за недостаток на демократски капацитет на актуелното раководство и ја напуштил седницата која се одржувала онлајн.

„Големи критики беа упатени кон актуелниот претседател на СДСМ Куманово и актуелен пратеник во Собранието кој во соработка со Спасовски и блиски луѓе до него ја приватизираа партијата и ја трансформираа во акционерско друштво на нивни блиски луѓе. Дел од делегатите обвинија за непринципиелност и непотизам во Општинската организација на СДСМ и лошите изборни резултати во Куманово на претседателските и парламентарните избори. Онлајн беа присутни 82 луѓе, а други 20 кои велат дека биле присутни во партиските простории не се видени воопшто, што се случува во СДСМ Куманово. Недостасуваа 40 луѓе што е околу 30%. Целата конференција дава многу сомнеж дека е легитимна со самото гласање“, вели изворот на порталот.

Димитриевски само кусо рече дека во внатрепартиски процедури ќе се расправа за постапката. Без коментар остана и претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска.

Од самиот врв на ОО на СДСМ за Кумановски Муабети велат дека на 16 мај ќе се одржи конгрес каде ќе се избира централен одбор со 120 кандидати. Досега од Куманово како членови биле Оливер Спасовски, поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски, актуелниот Максим Димитриевски и Александар Арсиќ.

По 30 состаноци на месните одбори со над 5.200 членови на листата за кандидати за Централен одбор на партијата биле и Атина Мургашанска, Максим Димитриевски, Даниел Стојчевски и Ивана Николиќ, но предлогот не бил прифатен.

Изворите на порталот велат дека токму градоначалникот Димитриевски добил најголема подршка од членството на СДСМ во Куманово по месните одбори, но сепак конференцијата која била строго контролирана од Костовски и Спасовски не го послушала мислењето на членството. Незадоволните членови најавуваат внатрепартиска постапка за поништување на ваквите одлуки, а по потреба и замрзнување на членството во партијата.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе