Реакција

СДСМ: Кулминира нервозата во ВМРО-ДПМНЕ, денеска Кичеец е на распит

Дали денешната нервоза во ВМРО-ДПМНЕ е поради повикувањето на еден од осмничените, Зоки Кичеец, на распит? Денеска кулминираше нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Фрчат лажни вести од белиот дворец, панични изјави, прес конфернции, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Овие нервозни реакции доаѓаат во моменти кога според информациите во медиумите на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, споменатиот Зоки Кичеец.

 Дали затоа е нервозна криминалната ВМРО-ДПМНЕ?

 Особено имајќи предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена јавно призна дека се сретнал токму со Зоки Кичеец.  Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа? Нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогне на оние кои ги чека соочување со правдата.

 Одговороност за сите вмешани во случајот „Рекет“, но и за сите останати предмети мора да има“, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе