СДСМ: Ќе се спротивставиме на блокадите од ВМРО-ДПМНЕ

Неодговорна, штетна и анти-државна е одлуката за блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, се вели во партиското соопштение на СДСМ. 

„Мицкоски, по нарачка на Никола Груевски, прави се државата да има дополнителни проблеми во време на најголема светска економска и енергетска криза, среќен единствено кога создава блокади.

Сето ова Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прават во обид да ја покријат неспособноста на нивните градоначалници, но и криминалот во нивните редови потврден со признанија и ефективни судски пресуди.

Собранието не е пазар туку законодавен дом во којшто се носат закони од интерес на граѓаните. Не може Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се пазарат кој закон ќе го блокираат а кој не. Сите закони блокирани од опозицијата се закони од интерес на државата и за добро на граѓаните и тоа е факт.

Одговорни политичари не прават блокади, не уценуваат, не одмагаат, не се ситат кога на народот му е тешко. Туку спротивно на тоа, помагаат, работат, предлагаат, бараат решенија, нудат предлози.

СДСМ има решенија за деструкцијата на Мицкоски. Со сите демократски средства и деловнички можности, СДСМ и парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и деструкциите од ВМРО-ДПМНЕ. Нема да дозволима граѓаните да страдаат заради лични или партиски хирови на Мицкоски.

Парламентарното мнозинство е зголемено, стабилно е и функционално, а парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин, во 2024 година,“ велат од СДСМ.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе