СДСМ: Ќе работиме двојно повеќе за европските вредности да ги донесеме тука

Европската унија направи историска грешка и тоа беше порака на највисоките претставници на ЕУ. Таквата неправда нема да го поколеба општеството, државата, институциите. Напротив, ќе работиме двојно повеќе за европските вредности, стандарди и реформи да ги донесеме тука, порача СДСМ.

Европскиот сон на македонскиот народ, како и на Албанците, Србите, Власите, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата земја – нема да биде срушен. Затоа е потребно организирање на брзи предвремени избори. Избори најбрзо што може.

Избори на кои граѓаните ќе донесат одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи нашата земја. Граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме по вистинскиот пат на демократски и европски вредности, патот на развој и просперитет, патот што води напред или а одиме по мрачниот пат на изолација, национализам, поделби и конфликти, односно патот што води назад.

Нема дилеми дека граѓаните уште еднаш ќе ја обезбедат иднината и ќе ги поразат политиките на поделби, деструкција и неодговорно однесување. Граѓаните се приклучуваат на правиот пат, патот на раст и развој, интеграција, повисоки плати и повисок животен стандард за сите" велат од владејачката партија.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе