СДСМ ќе ја прифати резолуцијата од ВМРО-ДПМНЕ, најави Костадинов

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најави дека ќе ја прифати резолуцијата што ја предлага ВМРО-ДПМНЕ со којашто треба да се определат црвените линии за македонскиот јазик, идентитетот и историјата во преговорите со Бугарија и очекуваат резолуцијата да биде доставена до секој пратеник во Собранието.

„Позициите на СДСМ во однос на македонскиот јазик и идентитет се кристално јасни и многупати досега потврдувани и кажани во јавноста. Македонските идентитетски линии им се јасни на сите и на нашиот народ и на целата меѓународна јавност. Доколку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа, ако им треба потврда и во Парламентот, ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме резолуцијата таква каква што е, каква што всушност и видовме од медиумите. Затоа што официјален предлог до нас како пратеници нема. Значи согласно Уставот, ВМРО-ДПМНЕ треба официјално до секој пратеник да ја испрати резолуцијата и секако ние, како одговорно мнозинство, ќе ја прифатиме таква каква што ја гледаме во медиумите“, изјави портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Со тоа, како што рече, испраќаат силна порака дека апсолутно македонскиот идентитет и јазик се затворена тема и треба да им биде јасно на сите, но и дека „избиваат на површина буквално сите лаги кои ги пласираа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во однос на национално предавство, во однос на загрозувањето на нашиот македонски јазик и идентитет“.

Со сигурост нема да дозволиме македонскиот идентитет да се користи за партиски препукувања и како одговорни политичари имаме обврска да го направиме. Македонскиот идентитет е светост која е повисока и поважна од рејтингот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.  Испраќаме силна порака дека ќе работиме силно на интеграција во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет“, рече Костадинов.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа средби со малите политички партии за резолуцијата за спорот со Бугарија и доби поддршка од Демократски Сојуз, ДОМ и од ЛДП велат дека даваат поддршка.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе