СДСМ: Како напредува истрагата за „Рекет“, така расте нервозата и паниката кај ВМРО-ДПМНЕ

Како напредува истрагата во случајот „Рекет“, така расте нервозата и паниката кај ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да одговори за средбите, велат од СДСМ.

„Како што напредува истрагата така нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ расте. Нервозата кулминираша со вчерашниот  распит на еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец. Јавноста знае дека токму Христијан Мицковски призна дека се сретнал со Зоки Кичеец. Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал нешто, што е тоа? Нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогне на оние кои ги чека соочување со правдата. Одговороност за сите вмешани во случајот „Рекет“ но и за сите останати предмети мора да има“, истакнуваат од СДСМ.

 

 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе