СДСМ: Јанушев не се појави во Берово, дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ потврди, Мицкоски нема поддршка од граѓаните

Граѓаните не даваат поддршка на антидржавните политики на ВМРО-ДПМНЕ и не ја поддржуваат нивната обнова на режимот. Потврда за тоа е вчерашниот дебакл на ВМРО-ДПМНЕ во Берово, со очајно ниска посетеност, велат од СДСМ.

„Иако претходно беше најавено дека на средбата ќе учествува и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, тој на крајот не се појавил меѓу граѓаните на Берово.

Очигледно свесен дека нема поддршка Јанушев не се појавил иако претходно бил најавен на официјална прес конференција на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се прочитани. Граѓаните гледаат дека тие немаат програма, немаат идеја, немаат план, туку нудат само обнова на режимот, одбрана на криминалот и враќање назад, во темното минато на изолација и неизвесност.

Со таква понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува само пораз на изборите на 12 април во Берово но и ширум земјава.

СДСМ полни сали насекаде, во секој град и населено место, ВМРО ДПМНЕ граѓаните го избегнуваат.

Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот и на 12 април ќе потврдат дека државата е правиот пат, на патот на повисоки плати, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните“, истакнуваат од СДСМ.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе