„ВМРО-ДПМНЕ не собра храброст да излезе на избори“

СДСМ ја повлече кандидатурата за градоначалник на Маврово Ростуше

Откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека нема да има кандидат за градоначалник на Маврово Ростуше на повторените локални избори и СДСМ соопшти дека ќе ја повлече кандидатурата за градоначалник.

Медат Куртовски

„За жал ВМРО-ДПМНЕ не собра храброст да излезе пред вас, пред граѓаните на Маврово и Ростуше на повторените локални избори кои треба да се одржат на 17 април. Знаат многу добро во ВМРО-ДПМНЕ дека ги чека пораз, знаат дека како градоначалник на чело на општината во изминатите години реализиравме бројни проекти во делот на локални патишта, паркинзи, водоводни и одводни мрежи, локални улици и слично. А можеби тие немаат ниту личност која би се нафатила да биде нивен кандидат“, изјави Медат Куртовски, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Маврово и Ростуше.

Според него, тоа е неодговорност на опозицијата кон општината и граѓаните на Маврово и Ростуше, бидејќи, како што рече, ним не им е важно општината да биде функционална со целосен капацитет и легитимитет.

„Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема противкандидат, како и фактот дека голем број наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да не успеат. 

Јас како одговорен и совесен човек, но и СДСМ како државотворна и одговорна партија на кои на прво место ни се граѓаните донесовме одлука да ја повлечеме нашата кандидатура. Да нема дополнителни трошоци во време на криза, односно пари од буџетот на општината да не се трошат на избори кои може повторно да бидат неуспешни“, рече Куртовски, додавајќи дека заедно со граѓаните и со дијаспората го чекаат следниот термин за изборно соочување, а дотогаш оставаат на Владата да назначи повереник до изборот на нов градоначалник.

Тој им се заблагодари на сите коалициски партнери кои се потпишаа и застанаа зад неговата кандидатура, како и на луѓето од дијаспората кои изразиле подготвеност да дојдат и да гласаат на повторените локални избори. 

 

Легенда под Главна слика

Медат Куртовски

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе