Реакција

СДСМ: Издишан е балонот на ВМРО-ДПМНЕ, немаат мнозинство и нема избори

ВМРО-ДПМНЕ од час во час потврдуваат дека издиша нивниот балон од лаги дека имале ново парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и нема да ја става државата во ризик и затоа нема да гласа за брзи предвремени избори, реагира СДСМ преку соопштение на прес-конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ од која тој ги повика Зоран Заев и СДСМ на брзи предвремени парламентарни избори. СДСМ порачува дека нема да ѝ дозволи на ВМРО-ДПМНЕ да го поништува Преспанскиот договор.

„СДСМ, коалицијата и демократското мнозинство граѓани нема на бранот на еуфоријата да му дадат на Мицкоски поголема власт од оваа која ја освои на локалните избори. Државата и нејзината иднина се многу поважни од желбата за власт на Мицкоски“, порачува СДСМ.

Партијата оценува дека на граѓаните им е потребна Влада која дава резултати во своето работење и особено во време на пандемија и енергетска криза и Влада која нема да го закочи евроинтегративниот процес.

Ова парламентарно мнозинство затоа нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори, порачуваат од СДСМ и нагласуваат:

„СДСМ, коалицијата и граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да нѐ втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и на тој начин да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години“.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе