СДСМ: Иванов покажа дека е политичка дивоградба на Груевски и партиска марионета

СДСМ го обвини претседателот Ѓорге Иванов дека дејствува штетно за граѓаните и државата, и покажа дека е политичка дивоградба на Никола Груевски и партиска марионета. Иванов работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина.

„Со денешните ставови Иванов самиот потврди дека не е претседател на сите граѓани, туку партиска марионета на ВМРО-ДПМНЕ, политичка дивоградба на Никола Груевски.

Цели 9 години Ѓорѓе Иванов не направи ништо за Македонија, не направи ништо за граѓаните. Молчеше за масовната партизација, за нападот на Собранието на 27 април, молчеше за притисоците кон медиумите, за апсења и затворања на новинари, за газењето на демократијата, човековите права и слободи.

Иванов се јавува само кога треба да легализира децениски криминал, да аболицира криминалци, да штити насилници. Очигледно се уште е во функција на нивна одбрана”, реагира СДСМ на обраќањето на Иванов.

Од партијата прашуваат ако било можно членството во ЕУ и НАТО без решение на спорот со Грција, како што денеска тврдеше тој, зошто во изминтите 9 години Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не го постигнале тоа?

„Договорот со кој се става крај на 25-годишниот спор што ја влечеше Македонија наназад го заштитува и зацврстува македонскиот идентитет и обезбедува полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Обезбедување на македонската иднина и иднината на граѓаните е вистински патриотизам. Тоа е непознат термин за Иванов”, се вели во соопштението и се додава дека граѓаните мора и ќе го имаат последниот збор, на референдум.

 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе