СДСМ: Исплатени 200 милиони денари за субвенциите за предадено млеко и оризова арпа

Заложбите во земјоделството преку реализација на бројни мерки во овој сектор, покажуваат и докажуваат дека сме на вистинскиот, на правиот пат, велат од СДСМ.

„Како дел од тие мерки е и воведувањето на нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари по грло за 2019 година.

 Вчера кон млекопроизводителите беа исплатени 153,4 милиони денари субвенции за предадено млеко, а претходно се исплатија субвенции и за оризова арпа.

 На сметките на 1.130 оризопроизводители легнаа 41,4 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа, а со тоа се исполни ветениот  откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година.

Во следниот период ќе бидат исплатени и останатите обврски кон земјоделците.

За таа намена, согласно  ребалансот на буџетот, обезбедени се  нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за различни производи.

Вкупниот буџет за субвенции годинава достигна околу 7 милијарди денари само од Програмата за директни плаќања.

По цели 11 години, денес субвенциите се исплаќаат неселективно и навремено, го враќаме достоинството на земјоделците, се повеќе пари завршуваатво нивниот буџет и градиме конкурентно земјоделство“, истакнуваат од СДСМ.

 

 

 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе