Изјава на координаторот на пратеничката група на владејачката партија

СДСМ има предлог заклучоци кои нема да значат измени во францускиот предлог, вели Митрески

На новинарско прашање во каква форма ќе бидат соопштени заклучоци од работните групи кои во парламентот разговараат за францускиот предлог, дали тоа ќе бидат измени на тој предлог или не, координаторот на СДСМ Јован Митрески одговори дека станува збор за евентуални заклучоци со кои ќе се задолжи Владата како таа да се однесува во наредниот период, а не за промена на францускиот предлог. и додаде дека СДСМ има предлог заклучоци со кои ќе ја задолжи Владата за заштита на јазичните, идентитетски, културни и исориски посебности на македонскиот народ.

„Денес зборуваме за заклучоци коишто би се донеле евентуално после информацијата што ќе ја достави Владата до Собранието по која ние ќе разговараме. Не станува збор за промена на европскиот предлог, туку зборуваме за заклучоци кои ние како Собрание ќе ги донесеме за да ја задолжиме и обврземе Владата како да се однесува во следниот период. Јас денес очекувам одговорност од сите партии и пратенички групи бидејќи станува збор за сериозен процес во државата, бидејќи се работи за иднината на државата и нивните граѓани. Во таа насока ние ќе дадеме наши предлог заклучоци коишто ќе се однесуваат на нашите стратешки определби за членството во ЕУ со исклучување на билатералните -историски и образовни прашања. Ќе дадеме предлози и заклучоци коишто ќе значат безусловно почитување на определбата за посебните историски, јазични и културни посебности на македонскиот народ. Сѐ ова ќе биде денеска на масата пред нас и очекувам дека сите конструктивно ќе делуваме, затоа што станува за сериозен период“, рече Митрески.

На друго новинарско прашање Митрески рече дека СДСМ до сите пратенички групи што денеска учествуваат во разговорите, достави предлог заклучоци за да ги разгледаат. Ќе разговараме, рече тој, а потоа врз основа на предлозите ќе биде разгледано што од тоа може да биде ставено во форма на заклучоци за седницата што ќе се одржи во Собранието.

Какво ќе биде тогаш дејството на тие заклучоци, ако не го менуваат францускиот предлог туку ќе имаат содржина само за парламентот, прашаа новинарите,

„Прво, цело време зборуваме дека билатералните прашања се исклучени од преговарачката рамка, меѓутоа во јавноста се отвора таа дилема. Затоа како Собрание уште еднаш ќе потврдиме дека билатералните прашања ќе бидат исклучени од рамката и ќе ја задолжиме Владата, затоа што овие заклучоци се обврзувачки за Владата, да се исклучат билатералните прашања од аспект на истојата и образованието“, рече Митрески.

На прашањето дали ќе се разгледува и билатералниот протокол како документ, координаторот на СДСМ рече дека денеска се разгледуваат сите документи кои се на маса и дека тој очекува плодна дебата.

Но, Митрески не даде одговор на самото прашање, туку рече:

„Дозволете во интерес на тоа процесот да биде успешен, да не отворам повеќе детали бидејќи на крајот најдобро е да донесеме конечни одлуки“.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе