СДСМ: И во Скопје и низ цела држава Мицкоски го очекува пораз на локалните избори

И во Скопје и низ цела држава Мицкоски го очекува пораз на локалните избори, тој е осамен во својот простотилак и деструктивно однесување, велат од СДСМ.

„Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека ниту самиот не верува во неговата понуда за кандидати за градоначалници. 
 
Очигледно е дека Мицкоски има проблем да најде кандидати за градоначалници, затоа што знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен губитник на локалните избори.
 
Класичен блеф е ставот на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз не само во Скопје туку и низ целата држава. 
 
Истовремено, лажна е грижата на Мицкоски за јавното здравје, кога тој прв ги прекршуваше мерките и поддржува протести на кои се загрозува јавното здравје и се навредуваат здравствените работници“, истакнуваат од СДСМ. 
 
 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе