Претседателските во споредба со локалните

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со намален број на гласови, СДСМ загуби 100 илјади гласачи

Во споредба со претходните избори кои беа локални, ниту владејачката СДСМ, ниту најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да ги освојат гласовите кои ги освоиле пред две години. Но најмногу гласови на првиот круг од претседателските, во споредба со локалните од пред две годин и - изгуби СДСМ.

На вчерашните претседателски избори Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и коалицијата, во првиот круг од претседателските избори освои 323.846 односно 42,85 проценти, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, 319.240 односно 42,24 проценти. Блерим Река како кандидат на Беса и Алијанса за Албанците е најголемото изненадување и покрај ниската излезеност кај албанското гласачко тело - тој освои 74.000 гласови.

СДСМ на локалните избори во 2017 година освои 420.522 гласови, иако на тие избори настапи без ДУИ кои освоија 89.724 гласови. За разлика од тогаш, заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ на вчерашните избори освои 323.846 гласа, или речиси 100 илјади гласа помалку или приближно 200 илјади ако се сметаат и гласовите на ДУИ.

Помал број на гласови освојува и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова, во споредба со гласовите кои ги освои партијата на локалните избори во 2017 година. Но таа разлика не е толку изразена. Поточно, 319.240 освои вчера Сиљановска на претседателските избори во споредба со 335.769 гласа кои партијата ги освои на локалните избори пред две години.

Гледано по општини СДСМ најголема загуба има во општина Битола.

Според резултатите објавени на страницата на Државната изборна комисија (ДИК), во првиот круг во општина Битола за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска гласаа 17.992 гласачи, додека за кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски гласале 17.766 гласачи.

Разликата помеѓу Пендаровски и Сиљановска од 226 гласа не е голема или не е решавачка во однос на крајниот изборен резултат, но голема е разликата во бројот на освоени гласови на СДСМ на локалните избори во 2017 година кога градоначалничката Наташа Петровска освои дури 31.337 гласови или речиси двојно повеќе од сегашните освоени на СДСМ.

Така на локалните избори во Битола, СДСМ освоила 31.337 гласови, за на претседателските избори паднеана 17.766.

И во втората по големина пелагониска општина Прилеп, има значителен пад на гласовите односно 23.607 на локалните во споредба со 17.101 на претседателските избори.

Изразена разлика во гласовите на локалните и претседателските избори има и во скопските општини.

Така, во општината Ѓорче Петров на претседателските избори СДСМ имаат освоени 7.386 гласови односно за околу 6.000 гласови помалку, во однос 13.155 освоени на локалните.

Во општина Гази Баба од 17.173 гласови на локалните избори, на претседателски избори се симнале на 9.232. Во оваа скопска општина најизразена е победата за Сиљановска, истата води со над 6.000 гласа пред Пендаровски, имено во Гази Баба, Сиљановска има освоено 15.678 гласови, додека Пендаровски 9.232 гласови, односно тоа е победа со над 40% разлика.

Во северната скопска општина Бутел, Пендаровски освои 5.001 гласови, што е речиси за половина помалку од освоените 9.993 гласови кои СДСМ ги освои на локалните избори.

Во  општината Аеродром за локалните избори СДСМ освои 22.559 гласови, за разлика од 14.007 гласови освоени на претседателските избори

На ниво на град Скопје, Сиљановска освои околу 87.268 гласови, додека Пендаровски 86.604 гласови, што е евидентно голем пад во споредба со локалните избори на кои Петре Шилегов освои 141.164 гласови.

Од скопските општини СДСМ успеа да ја зачува предноста во Центар и Карпош и Чаир, а од поголемите општини Куманово, Струмица, Струга, Берово и Делчево.

Сепак на првиот круг од претседателските избори иако минимално победи кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски и со предност оди во вториот круг, а од партијата ВМРО-ДПМНЕ исто така имаат причиња да бидат задоволни што нивниот кандидат Гордана Сиљановска Давкова успеа да освои речиси исто гласови колку и Пендаровски иако тој беше поддржан од ДУИ и да победи во повеќе општини во кои на локалните избори загуби.

М.М.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе