Прва коалиција на партии на Македонци и на Албанци во историјата

СДСМ и Беса заеднички ќе настапат на парламентарните избори на 12 април

Коалицијата со Беса е историска и победничка, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по потпишувањето на Декларацијата за заеднички настап на изборите на 12 април со Движењето Беса.

„Нашето општество се менува на подобро, нашиот концепт ‘Едно општество за сите’ го негуваме, а моноетничкиот систем за нас е минато. СДСМ во 2016 привлече 10.000 албански гласачи. Мултиетничкиот концепт го пресликуваме во коалиција со заедничка програма, заеднички капацитети кадровски. Ќе работиме заедно на нашите заложби за подобро општество и обединување, во сферата на економијата, евроинтеграциите… Во нашата заедничка куќа ставаме уште поцврсти темели. Оваа коалиција е историска, победничка и ќе биде најразноликата до сега“, рече Заев.

Тој им честиташе на членовите и раководството на Беса кои, како што кажа, се надминале самите себеси и го прифатиле предизвикот заедники да работат на подобро општество за сите.

„Ние сме сигурни победници на 12 април. Ќе освоиме доволно гласови. Оваа коалиција се потпира на одредбите за спроведување на одредбите од Охридскиот договор, Договорот од Преспа и договорот од Бугарија. Секој кој размислува како нас е добредојден. За ВМРО, додека е Мицкоски на чело, нема место. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да си преземат чекори за вистински реформи“, рече Заев.

Тој им порача на другите албански партии дека СДСМ нема да прифати договори и преговори кои се темелат на уцени и пазарења.

„Прифатени ќе бидат оние кои ќе се држат до нашите принципи, до граѓанскиот концепт кој е нашиот основен постулат, да работиме заеднички за иднината на нас и нашите деца“, рече Заев.

Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласиле ставовите околу програмата, но и за носителите на изборните листи. Инаку, ова е првпат во историјата на независна Македонија да се постигне предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето БЕСА, се наведува дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.

СДСМ и Беса се залагаат за негување и почитување на правата на сите етничките заедници, развој, создавање подобри услови за сите граѓани за да ја градат својата иднина овде, за борба проти корупцијата и праведно судство, а интеграцијата во ЕУ останува единствена опција.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе