СООПШТЕНИЕ

СДСМ: Груевски беше подготвен да даде сè и да направи сè само за да ја сочува својата фотелја

Разговорите во Брисел завршија без договор за разврска на политичката криза во Македонија по пат на преговори. Не е задоволен условот за суштинското прашање околу отворањето преговори, организирање влада што нема да ја предводи Никола Груевски, вели СДСМ во соопштението до медиумите.

Неразумно и нелогично е креаторот на политичката криза, Никола Груевски, да остане да раководи со владата што треба да ги организира и да ги спроведе предвремените парламентарни избори.

Груевски беше подготвен да даде сè и да направи сè само за да ја сочува својата фотелја, вели партијата.

Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ останаа доследни на принципиелната позиција, што е став и на граѓаните на Република Македонија.

Нема пазарење со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните на Македонија, како и нивните сограѓани од Европа.

Никола Груевски мора да се повлече, истакнува партијата во соопштението. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе