Прес-конференција на владејачката партија

СДСМ го повикува Мицкоски да поднесе оставка, изјави Кузеска

Се покажа дека со измами, манипулации и лаги не може да се дојде до парламентарно мнозинство, затоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска,

„Соочен со пораз на неговите невистини, Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, да се извини и да поднесе оставка. Со денови Мицкоски го лажеше народот дека има ново мнозинство, дека има 61 глас за недоверба на Владата. За пуста власт по секоја цена, седна на маса со оние коишто се против НАТО, против ЕУ, против Преспа, против добрососедските односи, против Рамковниот договор. Без било какви приниципи посакуваше дестабилизација, криза, враќање назад, рушење на постигнатото во однос на стратешките интереси на земјата“, рече Кузеска.

Таа оцени дека наместо Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се засрамат и извинат, продолжуваат да шират невистини за, како што рече Кузеска, наводно киднапирање на пратеник.

„И тоа во време кога истиот тој пратеник јавно објави дека бил под закани токму од опозицијата. Оние кои со меници држеа пратеници денеска полна им е устата со невистини. Затоа оставка. Срам е да не се извиниш за сите лаги и да не поднесеш оставка“, нагласи портпаролката и додаде дека вчерашната собраниска седница потврди дека „мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност“.

Кузеска на крајот заклучи дека „деструктивните антизападни сили се поразени“ и дека е обезбедена стабилност на државата.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе