СДСМ го избра Зоран Заев за мандатар за состав на новата влада

Состанокот на Централното претседателство на СДСМ заврши, и по два часа заседавање, раководството на партијата одлучи мандатар за состав на новата влада да биде лидерот на партијата Зоран Заев.

Никој од СДСМ не даде изјави по завршувањето на состанокот, само накратко изјавија дека ќе има соопштение од состанокот.

Синоќа, портпаролот Бујар Османи информираше дека ДУИ ќе им ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но тие потписи не значат дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ.Од ДУИ посочија дека се разгледуваат две опции. Едната е да бидат дел од владината коалиција, а втората опција е да дадат подршка за малцинска влада, но партијата да биде во опозиција, односно нивните партиски преставници, да не бидат дел од извршната власт.

Претседателот Ѓорге Иванов, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како мандатар не успеа да формира влада, рече дека ќе го даде мандатот на оној кој ќе обезбеди доказ за мнозинство. Но, Иванов го услови давањето на мандатот со гаранции да зачувување на унитарноста и давање гаранции за реформи во безбедносните структури.

Сега СДСМ има 49 пратеници, плус десетте на ДУИ, како и осумте потписи на БЕСА и Алијансата на Албанците, кои најавија дека ќе ги дадат потписите на СДСМ и Зоран Заев како иден мандатар за состав на нова влада.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе