СДСМ ги повика сите пратеници да го поддржат ребалансот на Буџетот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ги повика сите пратеници да го поддржат ребалансот на Буџетот, кој, според нив, обезбедува придобивки за граѓаните.

„Со ребалансот обезбедуваме 400 милиони денари за поддршка на раст на платите.

Ќе се субвенционираат придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги покачат платите на своите вработени до 6.000 денари односно до 100 евра.

Обезбедени се и 200 милиони денари за поддршка на активните политики и мерки за вработување, каде посебен фокус ставаме на младите.

Оваа мерка од една страна ја сузбива сивата економија и давањето плата во плико, а од друга страна овозможува зголемен прилив на средства во пензискиот фонд.

Досегашните економски политики даваат реален и видлив резултат. Преку бројни економски мерки, просечната плата порасна за 3,5 отсто. Бележиме раст на БДП од над 3 отсто во првите два квартали од годинава, а стапката на невработеност е на историски најниски 17,5 отсто“, изјави на прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Тој ги повика сите пратеници од сите пратенички групи, да дадат поддршка за ребалансот на Буџетот за 2019 година, бидејќи со него ќе се стимулира  растот на платите, ќе обезбеди можности за отворање нови и подобро платени работни места и позитивно ќе влијае на економскиот раст.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе