СДСМ: Факт е дека Мицкоски се обиде да саботира сложена полициска акција

Факт е дека Христијан Мицкоски, со јавно објавување на информации, се обиде да саботира сложена полициска акција, која се водеше подолг период и во чии рамки се преземаа дејствија кои имаат и меѓународни импликации, велат од СДСМ.

„Ова не може да го сокрие ниту еден обид за извртување на вистината од белата палата, каде расте нервозата, откако Мицкоски уште еднаш не успеа да го одбрани криминалот, а акцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши заврши успешно.
 
Обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата, мора темелно да се истражат од страна на надлежните институции.
 
Особено што Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека токму Христијан Мицкоски имал контакти и бил во тесна врска со еден од сега веќе приведените во оваа полициска акција.
 
ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, а Мицкоски е бранител на криминалот.
 
Токму затоа граѓаните шест пати по ред на избори ги казнија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа тие уште долго ќе останат во опозиција“, истакнуваат од СДСМ.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе