СДСМ: Ефикасноста на институциите дава резултати

Ефикасноста на институциите дава резултати, трикратно е зголемено спречувањето на криумчарење мигранти, велат од владеачката партија СДСМ.

„Посветеноста на институциите во борбата против криумчарење мигранти дава резултати. Според официјалните податоци, во 2018 година, трикратно е зголемено спречувањето на криумчарење мигранти во земјата. Националната агенција за спречување на криумчарење мигранти и трговија со луѓе формирана од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство дава реални резултати. Институциите се трипати подобри и поефикасни во спречувањето на криумчарењето и трговијата со луѓе. МВР со своето ефикасно и професионално делување, покажува како се работи во интерес на граѓаните“, истакнуваат од СДСМ.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе