Пред лидерската средба

СДСМ e за избори во јуни, ВМРО-ДПМНЕ за во средината на јули, за ДУИ приоритет е пандемијата

Двете најголеми партии од македонскиот блок излегоа со првични проценки за терминот за избори. За СДСМ, најоптимално би било изборите да се одржат кон средината на јуни, а за ВМРО-ДПМНЕ најбрзо што можат да се создадат услови за избори е средината на јули.

Двајцата лидери на партиите вчера на гостувањето на телевизија 24 останаа на своите добро познати ставови околу одржувањето на изборите.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека доколку ситуацијата со коронавирусот дозволи одржување на избори, тогаш има доволно веме до средината на јуни да се завршат сите активности. „Мора да бидеме одговорни кон државата, да го прифатиме првиот момент за избори. Најоптимално, тоа би било во средината на јуни“, порача Заев.

 Дополнителни причини за одржување на изборите во најкраток рок, според Заев, се и можниот втор пик на вирусот, немањето Парламент и постоењето на техничка, а не политичка влада.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМЕ, останува на ставот дека сега не е време за избори, туку за справување на последиците со пандемијата од коронавирусот и во здравствена и во економска смисла. Најбрзо што може да се создадат услови за избори, според Мицкоски, е средината на јули со оглед на тоа што и ако теоретски не се продолжи вонредната состојба, која истекува во средината на мај, на ДИК ѝ се потребни најмалку 50-до 60 денови за подготовка.

Не треба да има сега избори, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сега сме во епидемија односно пандемија, во која на дневна основа се бројат луѓе кои се заразени и луѓе кои го губат животот. Не е во ред, смета Мицковски, во ек на кампања, да се бројат новозаразени и евентуално починати лица.

Од ДУИ велат дека изборите не се воопшто ниту една од темите во агендата на ДУИ. „Ние имаме две основни цели – едното е здравствената криза со пандемијата и социоекономските проблеми кои ги создава. Сѐ друго што се наметнува како тема, сметаме дека е дефокусирање на институциите и на политичката и општествената енергија во решавање на овие две проблеми“, изјави пред пет дена Бујар Османи од ДУИ.

На 12 мај треба да се одржи лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски на која треба да се разговара и за изборите.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе