Преговори за нов изборен модел

СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ пред договор за предвремени избори - јуни догодина

Претставници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ преговараат за реформи во изборното законодавство, за нов изборен модел и за предвремени парламентарни избори. ДУИ се согласува со терминот јуни, но е против изборен модел со една изборна единица.

Зоран Заев, како претседател на СДСМ неодамна за предвремени парламентарни избори го предложи терминот октомври догодина, два месеци пред редовниот термин за избори. Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време бара предвремените избори да се одржат во април догодина, а пржинската (техничка) влада да почне да функционира уште во јануари 2020. На повидок е компромисен термин - јуни 2020.  

Од СДСМ денеска велат дека простор за договор за предвремени парламентарни избори има доколку тоа е неопходно за државата.

За ДУИ терминот за предвремени избори во јуни догодина е сосема прифатлив, но не и изборен модел со една изборна единица. Тие се за реформа во изборниот модел со три изборни единици. Претставници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ велат дека се задоволни од тоа како се одвиваат преговорите за промени во Изборниот законик. Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека опозицијата е задоволна што власта почнала да размислува за избори пред редовниот термин во декември 2020-та.

Костадин Костадинов од СДСМ вели дека тие жалат за одбивањето на Мицкоски за лидерска средба на која сите овие прашања требало да се дискутираат.

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР во однос на изборните единици е да се оди на намалување на бројот на изборни единици или да се оди на избори со една изборна единица. По претседателските избори, претставници на ОДИХР изнесоа повеќе забелешки на изборниот законик. Сугерираат измени во делот за финансирање на изборната кампања, во водењето и заклучувањето на избирачкиот список, во жалбената постапка.

Повеќе помали партии бараат на избори да се оди со изборен модел со една изборна единица и отворени листи. 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе