Во Собранието на Македонија

СДСМ достави законски предлог за задолжително пензионирање на 64 години возраст

Пратениците на СДСМ во собраниска процедура доставија предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, со кој е предвидено задолжително пензионирање на лицата со 64 годишна возраст и со 15 години работен стаж.

„Создаваме услови за намалување на вработените во државната администрација и во јавниот сектор, но и отвораме простор за вработувања на млади кадри кои можат да дадат значаен придонес во унапредување на работниот процес. Со ова, реализираме уште едно клучно ветување дадено пред граѓаните, отвораме нови можности за младите", рече на денешната прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Тој нагласи дека во собраниска процедура заедно со овој предлог-закон СДСМ достави и предлог – закон за измена на Законот за администрација, со што, како што рече, целосно ќе бидат опфатени сите вработени во државниот и во приватниот сектор.

„Со цел да се обезбеди одреден преоден период, сите оние што до 31 август годинава поднеле барање за продолжување на договорот за вработување, предвидуваме нивниот договор да важи до истекот на времето за кое е предложен, односно до исполнување на рокот даден со претходното барање. Поради недостиг на одредени стручни кадри и потребата од ефикасно продолжување на работниот процес, исклучок од правилото за пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж ќе има во секторите здравство и високо образование, каде што работниот стаж ќе може да се продолжува година за година, но најмногу до 67 години возраст", рече Митрески.

Согласно предложените измени во Законот за здравствена заштита заради непречено вршење на здравствената дејност директорот на здравствената установа по претходна согласност на здравствениот работник односно соработник, еднаш годишно донесува одлука за продолжување на договорот за вработување на здравствениот работник или соработник кој ги исполнил условите за стекнување на старосна пензија најмногу до 67 години возраст. Но, како што потенцира, оваа одлука задолжително ќе мора да ја потврди и министерот за здравство.

„Во законот за високо образование, предвидуваме дека на лице избрано во наставно-научно звање или наставно звање по негово барање и заради непречено вршење на дејноста на високообразовната установа, работодавачот еднаш годишно може да го продолжи договорот за вработување до завршување на учебната година во која ги исполнува условите за стекнување старосна пензија или најмногу до завршување на учебната година во која полни 67 години возраст", објасни Митрески.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе