Реакција

СДСМ: Договорот го гарантира и зајакнува македонскиот идентитет

ВМРО-ДПМНЕ треба конечно да ја напушти матрицата на изолација, поделби и деструктивност и да го поддржи договорот којшто става крај на 25 годишниот спор што ја влечеше Македонија надолу и го зајакнува и зацврстува македонскиот идентитет, реагираат од владеачката СДСМ на соопштението на опозициската партија. 

Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет и никој повеќе нема да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.

Членството во ЕУ и НАТО се врвен државен и национален интерес и затоа, ако се води од овие интереси ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Договорот со кој се отвора европската перспектива на Македонија и да каже ДА за македонската иднина.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе