СДСМ: Додека Заев се бори за татковината, ВМРО-ДПМНЕ плука

Додека Зоран Заев се бори за татковината, за граѓаните, и добива силна поддршка, само ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, плука и одмага, истакнуваат од СДСМ.

„Цела македонска јавност гледа, додека Зоран Заев се бори за татковината, за граѓаните, и добива силна поддршка од цела ЕУ,  ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, плука и одмага. Државата ги исполни сите критериуми за почеток на преговорите, сега Европската унија е на потег, да го испорача ветеното. Наместо да се приклучи со поддршка, Мицкоски, Николовски и неговата ВМРО ДПМНЕ се молат и прават сé` Република Северна Македонија да не успее.

Но, залудно Николовски и ВМРО ДПМНЕ навиваат против Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ. Александар Николовски извор на лажни вести, демантиран од странски амбасади, одамна го изгубил кредибилитетот како политичар. Тој на јавноста прво треба да и одговори која и каква е неговата улога во случајот "кавијар дипломатија". Како послушник на Никола Груевски токму тој заедно со неговиот шеф Мицкоски се виновни за 11 годишната меѓународна изолација на државата“, велат од СДСМ.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе