Владејачката партија по извештајот на ЕК

СДСМ: Доаѓа време на ред, правда и дисциплина

Извештајот на Европската комисија е потврда за успешните политики на партијата предводена од Заев, се признава подготвеноста на државата за воспоставување на силен и независен правосуден систем, смета СДСМ и ветува дека доаѓа време на „ред, правда и дисциплина“.

Извештајот на Европската комисија, кој нотира напредок во областа на правосудството, изборите и борбата против корупцијата е доказ за посветеноста и потврда на успешните политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, смета владејачката партија.

Извештајот е и дополнителен мотив за парламентарното мнозинство, Владата и за сите институции, да работат уште повеќе на реформите што обезбедуваат силен, ефикасен и независен правосуден систем.

Во соопштението од СДСМ се вели дека Европската комисија јасно наведува дека со новиот Закон за јавно обвинителство се обезбедува основа за професионален и непристрасен обвинителски систем, поотпорен на политички и друг вид притисоци и дека во изминатите години во земјата е воспоставен механизам за обезбедување независно и одговорно судство.

Понатаму се нагласува во соопштението дека Извештајот наведува оти државата има одредено ниво на подготвеност за почитување на ЕУ легислативата и европските стандарди во оваа област и дека „доаѓа време на ред, правда и дисциплина".

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе