СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Прашајте го Мицкоски како од толку многу професори токму тој станал асистент

Вистинската адреса на која ВМРО-ДПМНЕ треба да постави прашања за непотизам е нивниот лидер Христијан Мицкоски кој треба да им одговори како од толку многу професори на Машинскиот факултет, тој станува асистент токму кај неговиот татко со кого и заедно пишувале книги и учебници, регираат од партија СДСМ на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ за непотизам. 

„Како Мицкоски добил бизниси со хидроцентрали од владата на Никола Груевски кадешто бил советник? Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги партизираше сите државни и јавни претпријатија, а од институциите правеше партиски штабови. Тоа време е зад нас и нема да се повтори. СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика. Како што е веќе најавено ќе се испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор, како и на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана. Доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување, или влијанија, ќе бидат преземени соодветни мерки“, велат од СДСМ.

Секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да влијае на вработувања. Деполитизирана и департизирана администрација значи вработување спроед мерит систем, а не според политика или партиска припадност", се вели во реакцијата на СДСМ.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе