СДСМ: Детскиот додаток кој досега го користеа 3.200 деца со новата реформа ќе го користат 73.500 деца

За 20 пати се зголемува опфатот на деца за детски и образовен додаток, градиме систем за извлекување од детска сиромаштија, велат од СДСМ.

„Со новата социјална реформа, која веќе е усвоена од Собранието, градиме систем кој трајно извлекува од секаков вид на сиромаштија. За 20 пати се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток и суштински се преобразува социјалната заштита. Детскиот додаток кој досега го користеа 3.200 деца со новата реформа ќе го користат 73.500, додека образовниот додаток наместо 3.800 деца, сега ќе го користат 61.143 деца. Продолжува вистинската грижа за граѓаните преку вистиснка помош и поддршка на семејствата на кои помошта им е неопходна“, влеат од политичката партија СДСМ.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе