СДСМ: Денес ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се единствените кои бранат криминалци

Законите важат за сите подеднкво, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Силјановска се единствените кои бранат криминалци и се против правдата, велат од партијата СДСМ.

„Одбраната на криминалот, насилството и криминалците е единствената политичка агенда на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол за урнисување на правниот поредок, денес не може да се помири со тоа што конечно функционира правната држава. Времето на селективна правда, партизација и притисоци врз судството, нарачани и монтирани процеси и пресуди заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво. Судството е независно и постапува согласно своите законски ингеренции. Секој оној кој постапувал незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, национална или политичка определба“, истакнуваат од СДСМ.

Според нив единствено ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивната кандидатка Гордана Силјановска бранат криминалци и се против правдата и неселктивното владеење на правото.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе