Локални избори

СДСМ: Данела Арсовска ја намести мајка си во Советот на Статистика за 10.000 денари по седница

Кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска од функција претседател на Сојузот на стопански комори ѝ овозможи на својата мајка Марика Јовановска да стане член на Државниот совет за статистика со официјален предлог во име на таа комора и на тој начин да зема по 10.000 денари од седница, обвини СДСМ преку прес-конференција на градската организација на партијата на која беа покажани документи како поткрепа на тврдењето. Од партијата ги повикувааат антикорупционерите да го разгледаат овој случај кој според СДСМ е пример за непотизам.

На прес-конференцијата беа приложени, како што беше речено, номинацијата од Сојузот на стопански комори за Марика Јовановска (мајка на Данела Арсовска) доставена до Илија Димовски како претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата во 2019 година; биографија на мајката на Арсовска која пак во 2019 година е претседател на ССК и извадок од Службен Весник бр. 107 од 28 мај 2019,во кој е наведена одлуката за именување на членови на Совет за статистика. Мајката на Арсовска во тоа време била раководител на сектор за набавки во „Титан“..

„Има ли појасен случај на непотизам од овој?", прашува организацијата на СДСМ и потенцира дека „само личност која што не поседува чесност и личен интегритет, а како претседател на ССК, може да овозможи нејзината мајка да биде номинирана и избрана за член на Совет за статистика, каде што хонорарот изнесува 10.000 денари по седница".

Градската организација на СДСМ ја повика Државната комисија за спречување на корупција да го испита случајот на номинирање и избор на Марика Јовановска како член на Совет за статистика, на предлог на ССК, кога нејзината ќерка Данела Арсовска е претседател на ССК.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе