СДСМ: Дали Мицкоски отиде кај Груевски за совет како да шири лажни вести и да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес-конференција потсети дека на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му поставиле неколку прашања и десетина дена чекаат на одговори.

Денеска, како што рече Костадинов, ќе му постават и нови прашања на кои се надеваат дека навремено ќе одговори.

„Дали Христијан Мицкоски отиде во Будимпешта на уште една консултација со својот шеф, криминалецот во бегство Никола Груевски?

Дали Мицкоски отиде кај Груевски да бара совети како да го спречи Законот за попис?

Отиде ли Мицкоски кај Груевски да добие совети како да ја спречи правдата и уште посилно да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски отиде кај Груевски за овој да го подучи како да шири, лажни вести национализам и омраза меѓу граѓаните?

Дали Мицкоски од Груевски добил инструкции како да продолжи со деструкцијата и обидите да го закочи напредокот во интеграциите на државата кон ЕУ и НАТО?“, праша Костадинов.

Тој додаде дека е јасно дека „единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта, неговата глава е Никола Груевски, а неговите пипци се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“.

„Мицкоски не е ништо друго освен послушник и извршител на наредбите на осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ раководена од Будимпешта. Од белиот дворец нема ниту една позитивна мерка, само лажни вести, деструкција и одбрана на криминалот“, рече Костадинов.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе