СДСМ: Дали Христијан Мицкоски бега од брзи избори?

Од СДСМ прашуваат дали Христијан Мицкоски сака да побегне од предлогот за брзо соочување на предвремени парламентарни избори?

„Со месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараат итни предвремени парламентарни избори, а денеска кога има конкретен предлог, тој измислува изговори. Очигледно Мицкоски знае дека нема поддршката кај граѓаните и дека го очекува нов пораз. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту имаат идеја, ниту визија, понуда, немаат ниту програма.

Тие само сакаат обнова на криминалниот режим, обнова на изолацијата и бесперспективноста во која ја држеа државата заробена. Тоа граѓаните нема да им го дозволат, на предвремени парламентарни избори, граѓаните повторно ќе ја поразат режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ, како што ја поразија и на претходните парламентарни, локални и претседателски избори" се вели во партиското соопштение.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе