СДСМ чека изјава од Хан, па ќе одлучува за патот во Брисел

Лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, пред Владата потенцираше дека СДСМ денеска ја очекува најавената изјава на еврокомесарот Јоханес Хан, по која ќе одлучат дали ќе присуствуваат на средбата во Брисел. 

„Ние денеска ја очекуваме изјавата од Јоханес Хан. Договоривме дека денеска тој ќе има изјава со која ќе го потврди тоа што ми го кажа во телефонскиот разговор и тоа што го имаше наведено во нивното соопштение за сите изборни слабости и во кое се потенцира суштината на разговорите. И ние ја очекуваме таа изјава и со тоа останува отворена вратата за идни разговори во Брисел“, изјави Заев на денешната прес-конференција во кампот пред Владата.

Како што рече, транспарентноста во ова општество, заедно со граѓаните, е нивна одлика во соопштување на ставовите.

„Тоа што досега е врамено во таа рамка за преговорите што ќе следуваат е голем успех, но сепак останува најважното прашање, каква влада ќе ги организира изборите. Ако не се договори тоа, ништо од потпишаното не важи. Таму има квалитативи што земјава треба да ја вратат во нормала, кои ќе ја направат Македонија нормална земја, но и сепак иако се нефер и нееднакви условите во разговорите, ние преговараме, зашто веруваме во мирно решение на кризата“, рече Заев.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе