Со протоколи за безбедно гласање

СДСМ без митинзи и одење од „врата до врата“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија уверува дека во услови на глобална пандемија на коронавирусот и борбата со опасниот и непредвидлив непријател ќе одржат безбедна кампања и 100 процентно безбедно гласање на 15 јули.

„Нашата кампања ќе биде без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани, ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања. До граѓаните ќе се обраќаме на два начини со онлајн дигитални активности и тоа: со видео и графички пораки преку социјални медиуми, пренос на видео конференции во живо преку интернет, гостувања во медиумите, спотови, веб банери.

Другата група активности се офлајн и опфаќаат, билборди, печатени програми и летоци , информативно штандови, прес конференции, како и средби со граѓаните со ограничен публика од 50 граѓани на отворен простор и 30 во затворен простор, изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

На прес-конференција тој кажа дека сите настани ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани:

Сите присутни на јавен настан или состанок мора да носат заштитна маска.

Сите присутни мора редовно да ги мијат рацете или да вршат дезинфекција, која ќе ја обезбеди организаторот.

Сите присутни мора да одржуваат растојание од 2 метри

Забрането е групирање

Бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца.

Околу локацијата на секој јавен настан ќе бидат поставени ковид-19 заштитни станици – пултови, на кои ќе има средства за дезинфекција и маски.

На јавните настани е забрането внесување на храна и пијалаци.

Подготовката на настаните ќе се одвива онлајн, за да се избегне непотребно физичко групирање.

Според Петров, заради заштита на населението од коронавирусот СДСМ ќе води кампања БЕЗ настани на отворено со повеќе од 50 граѓани во публика, БЕЗ настани на затворено со повеќе од 30 граѓани во публика, БЕЗ митинзи и БЕЗ активности од „врата до врата“

„Ги повикуваме сите учесници на парламентарните избори да ги прифатат протоколите за заштита на здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ итно да престане со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните“, рече Петров и ги повика и граѓаните „сите да бидеме дел од решението со коронавирусот и дисциплинирано и одговорно да ги почитуваме мерките за заштита“.

 

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе