СДСМ бара оставка од Мицкоски по осудителната првостепена пресуда за „Плацеви на Водно“

Христијан Мицкоски да поднесе оставка, откако пресудите за случајот „Плацеви на Водно" уште еднаш потврдија дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, реагираат од СДСМ. Од партијата додаваат дека цо предметот „Плацеви на Водно", избеганиот Никола Груевски практично ја ограбил и ВМРО-ДПМНЕ, а парите ги перел со Белизе шеми и други криминални начини за да купи плацеви од 11 илјади метри квадратни за себе на Водно.

„Шефот на Мицкоски, избеганиот криминалец Никола Груевски, е осуден на 7 години затвор, незаконски стеканиот имот му е конфискуван. А Мицкоски, кој во периодот кога се правеле криминалите со плацевите на Водно бил советник на Груевски, а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, молчи. Ниту Мицкоски, ниту неговата партија не се оградија од криминалот, не им се извинија на граѓаните, не побараа одговорност. Единствената политичка агенда на Христијан Мицкоски сите овие години е како да ја кочи правдата, државата, за го одбрани криминалот на Никола Груевски. После сето ова, после овие пресуди и признанија за криминал од енормни размери, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка“, се вели во реакцијата на СДСМ. 

Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ повлекуваат и политичка одговорност, политичари кои бранат криминал не може да добијат доверба од граѓаните, завршуваат од партијата. 

Поранешниот премиер Никола Груевски пред неколку дена беше осуден на единствена казна затвор во траење од 7 години и парична казна од 3.500 евра за случајот „Плацеви на Водно". Неговиот братучед и поранешен прв човек на УБК, Сашо Мијалков, доби една години и три месеци затвор. На казна од една година затвор, е осуден бизнисменот Орце Камчев , а кумот на Груевски, Ристо Новачевски, е осуден на условна казна затвор од две години.

Меѓу обвинетите е Ненад Јосифовиќ кој доби условна казна од две години, како и Ратка Камчева, која се ослободува од вина, бидејќи за неа кривичното дело е застарено.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе